Сестрата на Бијонсе го кажа судбоносното „да“

17 ноември 2014

Изминатиот викенд конечно се случи и долгоочекуваната венчавка на сестрата на поп – дивата Бијонсе, Соланж Ноулс која му го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот долгогодишен партнер Алан Фергусон.

Нивната свадбена церемонија беше сѐ што една девојка може да посака – брачните завети тие ги заменија во црква од 19 – тиот век, во која феноменалните портрети на младенците ги направи фоторепортерот на Вог Рог Вокер, а тема на забавата беше белата боја!

За својата венчавка, Соланж одлучи да ги спои елементите на традиционалното и модерното, па така, одбра венчаница во класична бела боја што особено се истакна со едноставните строги линии што беа вистинско олицетворение на женска елеганција.

Фантастичната бела, неконвенционална венчаница ја дизајнираше Умберто Леон од модната куќа Кензо, а прекрасната музичарка својот изглед го надополни со впечатливи алки од брендот на Lady Grey и чевли на Стјуарт Вајцман, пишува Буро 24/7.

Нејзиниот 51 – годишен партнер, за венчавката одбра целосно бел костим од ресортот на Ланван, во кој дефинитивно привлече големо внимание. Белиот стајлинг тој го надополни со црни чевли со златни додатоци во предниот дел.

Белата боја беше всушност и тема на целата свадба, па во одлични бели креации можевме да го видиме и семејството Картер, од кое секако, најмногу се издвои поп дивата Бијонсе која за свадбата на нејзината сестра одбра тесно фустанче над глуждовите и впечатливи бели сандали.

Нејзиниот сопруг Џеј Зи за оваа пригода одбра целосно бел костим со пеперутка вратоврска и кафени чевли што единствено се издвоија од целиот стајлинг.

Она што беше особено интересно е тоа што на самата церемонија младенците покрај тоа што променија неколку стајлинзи, на забавата пристигнаа со неодоливи бели велосипеди од кои оној на Соланж беше фасцинантно украсен со аранжман од бели цвеќиња.

Забавата се одржа во најстарото и најубаво соседство во Њу Орлеанс, French Quarter, каде гостите пристигнаа со црвени автобуси, тотално расположени со прскалки во рацете.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од свадбената прослава на Соланж и Алан Фергусон и гостите што придонесоа за уште поубава атмосфера.

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Актуел