Егзотичната Соланж Ноулс во боите на Африка
•
24 декември 2014
Сестрата на Бијонсе, Соланж, неодамна го кажа судбоносното Да и ја официјализираше својата љубовна врска. Сега откако стана целосно реализирана жена, таа повторно им се враќа на професионалните обврски. Најновата нејзина соработка е со францускиот бренд Eleven Paris и тоа за пролет-лето кампањата за 2015 година.
Соланж ги носи последните парчиња на етикетата инспирирани од Јужна Африка. Егзотична и целосно автентична со инспирацијата на колекцијата, Р&Б пејачката за светските медиуми изјавува дека претстојниот период ќе биде преокупирана и со снимањето на нов албум, но своето време најмногу му го посветува на нејзиниот син, како и уживањето во новиот дом во Њу Орлеанс каде неодамна се пресели.