Вниманието на модниот свет вчеравечер беше насочено кон Лондон, каде се одржаа „Британските модни награди“ за 2015 година.

На манифестацијата во London Coliseum, присуствуваа голем број познати дизајнери, модели, фотографи и останати влијателни луѓе од модниот свет.

Британските модни награди се исклучително важни бидејќи им оддаваат признание и на младите таленти Во вкупно 16 категории беа избрани најдобрите. Така, за најдобар дизајнер во подем за женска облека е избран Томас Тајт, додека за машка облека е избрана Грејс Бонер. Кога се модните додатоци во прашање, наградата за најдобар млад дизајнер отиде во рацете на Џордан Аскил.

Лејди Гага во креација на Том Форд

Том Форд е најдобриот дизајнер за црвен килим, додека во категоријата за најдобар модел, наградата ѝ припадна на Џордан Дан. Најдобра креативна кампања имаат Барбери, а за најдобар бренд наградата ја доби Стела Мекартни.

Мери Катранзу е најдобриот нов влијателен дизајнер. Кога се дизајнерите во прашање, најдобар дизајнер на модни додатоци е Шарлот Олимпија, а во категориите за машка и женска облека, апсолутен победник е Џ.Андерсон.

Стела Мекартни

Дел од наградите беа познати и пред да се одржи доделувањето. За потсетување, Алесандро Микеле ја доби наградата за најдобар интернационален дизајнер, Ердем за најдобар влијателен дизајнер, додека Карл Лагерфелд ја доби наградата за истакнато достигнување во модата, која му ја додели Ана Винтур.

British Style наградите за моден иноватор и амбасадор на црвениот килим им припаднаа на FKA Twigs, односно Гвендолин Кристи. Isabela Blow наградата за моден дизајнер ја доби Ник Најт.

FKA Twigs

Но, покрај наградените, светските медиуми големо внимание обрнаа и на изгледот на ѕвездите на црвениот килим. Според многумина, годинешново издание на „Британските модни награди“ е во знакот на лошите модни комбинации.

Моли Кинг и Дејвид Ганди

Моли Кинг го привлече вниманието, не само поради нејзиното момче Дејвид Ганди, туку и поради црно-белиот фустан што го носеше. Нејзиниот смел изглед беше и премногу смел и не остави ништо на имагинацијата. А, патем, иако добро изгледа, сепак не толку добро за таков фустан.

Шерил Фернандез се одлчи за креација на Топшоп, која несоменено е една од поубавите, но изборот на чизми, долж целата нога, што комплетно го расипа впечатокот.

Шерил Фернандез

Иако Попи Делевињ речиси и да нема „утка“ во модните комбинации, оваа за „Британските модени награди“, не беше нејзината најдобра. Таа се појави во креација на Емилија Викстед, која во горниот дел содржеше околувратник со дијаманти, сосема непотребен и оптоварувачки. Исто така, изборот на рамни розови чевли не беше соодветен.

Попи Делевињ

После и премногу провокативното издание на Селма на „Театарските награди“, таа овој пат се одлучи за креација на Гучи во која изгледа како да излегла од ретро серија. Ни недостасува дозираниот сексапил на актерката, со кој порано владееше на црвените килими.

Селма Хаек

Гучи беше изборот и на Џорџија Меј Џегер. Транспарентниот фустан со точки, сам по себе и добро ѝ прилега, но змијата на грбот, која изгледа како да е „прикачена“ или како да ја напаѓа, е украс кој придонесува за поинаков впечаток.

Џорџија Меј Џегер

Наоми Кембел пак, изненади со својата фризура, но и со изборот на креација од Барбери, која не ја истакна нејзината фигура на вистински начин.

Сепак, имаше и такви што изгледаа одлично на настанот, како Џордан Дан, Дејзи Лав, Пикси Лот, Аризона Мјуз и други. 

Објавено:
24 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.357 пати