Модната куќа „Барбери“ одлучи да го вклучи Бруклин Бекам во новата кампања, но како фотограф. Информацијата ја потврди и најстариот син на Бекамови.
Снимањето ќе се одвива утре, а ќе може да се следи и во живо преку социјалните мрежи.
„Возбуден што ќе ја фотографирам Барбери кампањата утре. Гледајте во живо на нивниот Instagram & Snapchat #THISISBRIT“ е најавата што Бруклин ја пушти на неговите профили на социјалните мрежи.
После соработката со 13-годишниот Ромео, кој од 2012 година беше повеќе пати дел од кампањите на брендот, британската модна куќа одлучи да ја прошири соработката со семејството Бекам, вклучувајќи го сега и Бруклин.
Во последното октомвриско издание за Miss Vogue, на прашањето кои се неговите професионални амбиции, 16-годишниот Бруклин изјави:
-Го сакам фудбалот, но исто имам страст кон фотографијата и филмот. Сакам да имам отворени опции.
Кога на оваа изјава ќе се додаде податокот дека тинејџерот има речиси шест милиони следбеници на Инстаграм, чекорот на „Барбери“ не е воопшто случаен.
А, како ќе изгледа крајниот резултат и какви фотографии ќе направи Бруклин, останува да видиме наскоро.