Бруклин Бекам ја доби својата прва насловна
•
1 април 2014
Најстариот син на познатата британска двојка, Дејвид и Викторија Бекам, реши да ги следи стапките на својот помал брат Ромео, кој дебитираше како заштитно лице на кампањата за модниот бренд Барбери во декември 2012 година. Бруклин Џозеф Бекам, се чини дека на голема врата влегува во светот на модата и шоу бизнисот, а потврда за ова е неговото појавување на насловната страна на списанието „Man About Town“. Фотографиите ги „улови“ Аласдаир Меклелан, кој е семеен пријател на Бекамови. Имено, Меклелан ја фотографираше Викторија за насловната на британски Vogue и едиторијалот на Дејвид за списанието „Fantastic Man“.