Чалајан се приклучи на тимот на Вионет

4 јануари 2014

calajan

Хусеин Чалајан се приклучи кон тимот на Вионет, како дизајнер на мини-колекција на висока мода, која брендот ќе ја презентира на 21 јануари во текот на Couture Fashion Week во Париз. Ова ќе биде неговата дебитантска колекција за овој бред.

-Многу сум среќна поради оваа соработка, затоа што мислам дека Хусеин е мошне талентиран и дизајнер кој гледа нанапред. Тој е вистински уметник, мошне концептуалет. Размислува надвор од границите и има силен архитектонски пристап. Тој го претставува оа што Мадлен Вионет претставуваше во нејзината ера“, изјави креативниот директор на Вионет, Гога Ашкенази.

Вионет ќе лансита „половична котур“ линија за пролет/лето 2014, а еден од фустаните е направен со висока умешност, но се продава по помала цена од традиционалните котур парчиња.

Хусеин Чалајан, кој ја прослави 20-годишнината од неговата етикета, е познат по авангардните дизајни и иновативните техники.

„Комбинацијата на креативната енергија на Гога Ашкенази и претприемачкиот пристап со исклучително наследство на куќата, ја прави оваа соработка мошне возбудлива со мене“.

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Актуел