Дафт панк и Мила Јовович заедно во едиторијал за CR Fashion Book
•
16 август 2013
Моментално еден од најпознатите музички бендови Дафт панк и актерката Мила Јовович заедно позираат пред објективот на фотографот Метју Цезар за едиторијал за модниот магазин CR Fashion Book.
Во ултра модернистички стил, црно-белите фотографии со одредени нагласени детали раскажуваат една современа дигитална приказна каде покрај сензуалната Јовович, акцент е ставен и на заштитните кациги препознатливи за Дафт панк, овој пат искористени како впечатливи модни детали.