Дали би платиле 70% повеќе за чанта од Шанел?

6 март 2014

The Wall Street Journal објавил интересен податок за пораст на цените на чантите од светски познатите модни куќи. Чантите на Шанел во последните пет години се поскапени за дури 70%, а на Луј Витон за 32% и тоа пред се на американскиот пазар

Постојат неколку опции поради ваквата причина. Според едни станува збор за инфалција, а според други е тактика за да се разликуваат квалитетните чанти направени од модните куќи, за разлика од аксесоарите кои ги нудат модни брендови.

Сепак според Милтон Педраза, заменик директорот на Luxury Institute, ова е начин да се ценат луксузните изработки –  „Колку повеќе на пазарот ќе има имиња од типот на Мајкл Корс и Тори Бурчес, толку повеќе цените на чантите на Шанел и Луј Витон ќе имаат повисока цена“.

Сепак, додека цените на модните додатоци на Шанел постојано растат, модните куќи од типот на Гучи и Мулбери имаат пад на цената во последните 12 месеци.  Според соопштението од француската модна куќа, цената е висока бидејќи се работи за луксузен продукт, за чија изработка се користат скапи материјали, со цел да се создаде квалитетен модел.

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Актуел