Дали Ердем го копира Валентино?

25 декември 2013

Овој пат станува збор за креација фустан на Ердем од пред - есенската колекција за 2014 година која потсетува на фустанот на Валентино од колекцијата есен – зима 2013. Цветниот мотив веќе неколку пати по ред е дел од колекциите на Ердем, но фустанот на Валентино беше највечатливиот од таа колекција.  Копирање на моделот не се однесува само на изборот на цветниот принт, туку и во однос на силуетата и белата јака.

Од модната куќа Ердем до сега не излегле со официјален коментар во врска со овој случај, па според вас дали постои плагијаторство на овој модел или пак станува збор за чиста случајност?

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Актуел