Зара има своја аутлет продавница! Да, добро слушнавте. За сите оние кои живеат во Шпанија, „Lefties“ е познатото име на аутлет продавницата што работи уште од 1993 година и ги продава парчињата што останале од претходните сезони на Зара колекциите. Индитекс пак, шпанската компанија што го поседува овој бренд, се надева дека ќе го зајакне профилот на брендот со редизајнирање на облеката и зголемување на бројот на ваквите продавници.
Целата поента на Индитекс е всушност, да ги ребрендира „Lefties“, (кратенка од left-overs, што значи, она што останало), во високобуџетен моден бренд, секако, за да го зголеми својот буџет и моќта на самиот бренд. Со тоа, во иднина ќе може да им се спротивстави на ривалите како H&M и Primark, нудејќи концепт што овозможува пад на регуларните цени за повеќе од 30 проценти. Последниве неколку месеци, Зара доживува вистинка револуција во секој поглед. Промените почнуваат прво од внатрешниот ентериер на продавниците, потоа ангажирање на нови дизајнерски умови, како и промоција на една поинаква естетска визија на самото лого.
Индитекс пак, со затворањето на неколку Зара продавници ја зголеми понудата на парчиња што клиентите можат да ја најдат во аутлетот „Leftie“s, во последниве две години. Портпаролот на Зара излезе со изјава дека брендот во моментов работи на нова стратегија и регрутација на нови луѓе и идеи, па нема планови за отворање нови продавници во блиска иднина.
„Мислам дека е само прашање на време кога Индитекс ќе прерасне во бренд што ќе ја освои во целост модната сцена. Исто така, сметам дека би можеле повеќе да го промовираме брендот и во други земји како Германија и Велика Британија, а не само во Шпанија“, изјави консултатот за продажба на мало во Зара, Карлос Хернандез.