Дебенхамс слави 200 години постоење

26 октомври 2013

debenhams-sketches_2712858a

На Божиќ во 1813 година, Вилијам Дебенхам вложи средства во продавницата Wigmore Street, која подоцна стана Clarke&Debenham  а во 1905 само „Dabenhams“. По повод 200 години постоење, брендот повика група дизајнери да дизајнираат ексклузивни парчиња во само еден примерок.

Меѓу креаторите се и Џулиен Мекдоналд, Џени Пакам, Џон Роша, Бети Џексон, Хенри Холанд...

„Среќни сме што на купувачите ќе им овозможиме шанса да го запаметат и одбележат овој јубилеј со колекција од нашите највлијателни дизајнери“, изјави директорот на брендот, Мајкл Шарп.

Не само што се прославуваат 200 години од постоењето, исто така се прославуваат и 20 години од концептот Дизајнерите за Дабенхамс, со кој многу интернационални дизајнираа high-street парчиња за брендот. Во моментов, 32 дизајнери работат за Дабенхамс. Колекцијата ќе биде достапна од 28.октомври, а цените ќе се движат од 12.50 до 299 фунти.

debenhams-main_2712863a

debenhams-embed1_2712859a

Објавено:
26 октомври 2013
Категорија: 
Актуел