Дијан Фон Фурстенберг ја избра најдобрата бренд амбасадорка

25 декември 2014

За сите оние што на каналот Е го следат реалното шоу на дизајнерката Дијан Фон Фурстенберг, сигурно ги интересира која е победничката за титулата бренд амбасадор. Осум кандидатки неколку месеци се соочуваа со предизвиците да бидат  дел од модната империја на Фурстенберг и преку конкретни задачи да ги согледаат сопствените способности да се биде бренд амбасадор.

Можеби на изненадување за повеќето, но Британи Хамптон е новиот стилски амбасадор на Дијан Фон Фурстенберг. Иако Британи беше една од најконфликтните кандидатки и не се согласуваше со останатите, на крајот се покажа како најсоодветната за ласкавата титула.

Крајните резултати од тестирањето на Дијан, покажаа дека таа покрај Британи ќе ангажира уште две од девојките во продажните салони на брендот. Во која насока ќе се движат следните предизвици за победничката останува да видиме.

 

 

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Актуел