Втора сезона на House of DVF?!

20 јануари 2015

Дијан фон Фуртенберг е светски позната дизајнерка која своето почесно место во модниот свет го заслужи со лансирањето на фустанот на преклоп. Според Фурстенберг напорната работа, дисциплината, посветеноста, трудот и вербата во себе се магична формула за успех која никогаш нема да ве изневери. Оваа констатација ја потврди и во нејзиното шоу „House of DVF“кое се емитуваше на телевизискиот канал „Е“.

Сите вие кои редовно го следевте шоуто „House of DVF“, знаете дека стануваше збор за реално шоу во кое учество земаа неколку девојки кои рамноправно се бореа за титулата „Бренд амбасадор на модната куќа на Дијан фон Фурстенберг“. Победничката во натпреварот која одлично се справи со сите предизвици е  Британи Хемптон. Но се чини дека за неа работата допрва почнува.

Како резултат на високиот рејтинг на гледаност „House of DVF“, ќе продолжи да ја емитува својата втора сезона која ќе содржи нови возбудливи и драматични осум епизоди. Втората сезона според продуцентите на шоуто ќе има посебен пресврт, бидејќи „главната улога“ ќе и биде доделена на Британи која ќе има задача да најде нова група натпреварувачи, истовремено ќе мора да патува насекаде низ светот, да ги извршува обврските кои и ги налага функцијата, да биде дел од Париската модна недела, да ги менаџира модните креации што ќе треба да им се дадат на дел од славните личности за нивните јавни настапи и уште многу други задачи. Се чини дека да се биде Бренд амбасадор на модна куќа и не така лесно, ниту кул, но во секој случај е забавно, непредвидливо и со многу притисоци и рокови.

„Јас сум навистина возбудена што повторно ќе почнеме со снимање. Станува збор за телевизиско шоу кое открива детали и доловува поинакви аспекти за светот на модата. Шоуто е многу едукативно, изобилува со информации и исто така испраќа една силна порака до сите млади жени ширум светот“, вели дизајнерката во официјалното соопштение до медиумите.

Какви модни приказни овојпат ќе се расплетуваат останува да видиме и со нетрпение да го очекуваме датумот за старт на втората сезона на телевизиското шоу.

 

 

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Актуел