За дизајнерот Џон Барлет велат дека е еден од најфините во модната индустрија, а уште го нарекуваат и најдобар пријател на животните. А има и зошто... Имено, Барлет кој е награден и со CFDA награда, доби уште едно признание и тоа за кампањата која ја создал против користење на вистинско крзно во модата.
-Наградата Хенри Сприа (Hendy Spria Humane Corporate Progress Award) ја добив од непрофитна организација „Хумано општество на САД“ за заштита на правата на животните. Драго ми е бидејќи целта на кампањата беше да се крене свесноста за суровоста што им се случува на животните поради нашата желба за одредени нешта...Особено сакам да зборувам за индустријата за крзно, која на тој начин убива преку 75 милиони животни годишно, а се' поради потребата од луксузност. Навистина сум тажен кога ќе видам модно шоу со крзно - вели дизајнерот.
На прашањето, можно ли е еден ден модата да биде „исчистена“ од крзното, Барлет вели:
-Се надевам, она што и е потребно на индустријата е висококвалитетни дизајнери, за крзното конечно да исчезне од модата. Познавам многу дизајнери кои се против користењето на крзното, но охрабрени од модниот систем да ги вклучуваат во колекциите како луксузно парче, сепак се одлучуваат за тоа. Верувам дека има и други начини да се креираат луксузни парчиња, без да се повредуваат други живи суштества -споделува Џон.
Инаку Барлет вдомил неколку кученца и смета дека тоа е едно од најмоќните животни искуства што ги имал.
-Животните можат да не' научат многу. А оние што ќе се одлучат да вдомат некое животинче би им порачал да бидат реални и да разберат дека тоа е животна обврска.
А на прашањето, кога би бил куче, кое би сакал да биде, дизајнерот открива:
-Веројатно секси пит бул.