До каде отиде трендот на екстремно слаби модели?

14 мај 2014

Познатиот бренд за долна облека La Perla во своите излози постави кукли какви досега сигурно не сте виделе. Тие се изработени по сосема други стандарди од нормалните пропорции на куклите за во излози. Воедно станува збор за кукли кои се екстремно слаби, а уште поалармантни се и ребрата кои јасно им се познаваат. После реакцијата на купувачите, ваквите пластични модели експресно биле тргнати од излозите, а од La Perla  се извинија за пропустот.

-Куклите се тргнати и нема повеќе да се користат. Моментално процесираме нови, а сите оние што ни се поставени низ Америка секако дека ќе бидат заменети со други. Ги цениме коментарите и критиките и сме благодарни што не предупредивте на овој наш пропуст, велат од La Perla.

Овој скандал можеме да го сфатиме во контекст на зачестените пропагирања на екстремно слабите женски тела од страна на познатите брендови. Во 2014 дефинитивно уочивме благи промени кон овој алармантен тренд во однос на килограмите, а дел од модните куќи и дизајнери активно почнаа да промовираат „plus size“  линии, а бројни медиуми ја прогласуваат за година на облините.

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Актуел