Италијанското дуо Долче и Габана ужива во драма. Неделава тие се најдоа помеѓу два различни скандала за кои на големо се дискутира по социјалните мрежи и низ медиумите.
Имено, првата „провокација" која ги разбранува социјалните мрежи со негативни коментари, беше натписот „I'm Thin and Gorgeous" што го аплицираа на детски патики. За драмата околу ова да биде уште поголема, самите дизајнери одговараа со провокативни коментари на нивните профили на Инстаграм, во нивен стил: „А дали ти попрво би била дебела и полна со холестерол" или „Драга, мислам дека ти имаш проблем". Huffington post исто така го критикуваше овој потег на луксузниот бренд, за што исто така за возврат доби навреди од дизајнерите.
Вториот скандал се однесува на нивниот нов едиторијал, фотографиран во Пекинг, за кој на социјалните мрежи се коментира дека е навредливо тоа што за нивна корист, се злоупотребуваат лица на случајни минувачи на локалното население или туристи. Дури се шират и обвинувања дека фотосесијата не е направена во Кина, туку во Северна Кореја, на што Долче и Габана не се огласија.