Доуцен Крос и Ерин О’Конор во блажена состојба

6 февруари 2014

Во период на подготовките околу започнувањето на модната недела во Њујорк, манекенката Ерин О’Конор официјално објави дека овој пат нема да биде дел од модните писти бидејќи е бремена. Минатата вечер на забавата на магазинот In Style, Ерин се појави во црн долг фустан од Џека Пакман, а од аутфитот воочливо беше пораснатото стомаче на моделот.

Од друга страна, моделот на Викторија Сикрет, утринава официјално на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која таа позира гола, држејќи го стомакот. Ова ќе биде второ бебе за Доуцен, која во јануари 2011 година на свет го донесе синчето  Филон.

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Актуел