Светските ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира ќе настапат на полувремето на Супербол 2020 што се очекува да се одржи на втори февруари во Мајами.
Заедничкото шоу на двете ултра популарни изведувачки за прв пат, целосно ќе биде организирано од продукцијата на познатиот рапер и бизнисмен Џеј Зи.
Двете дами ја споделија веста на нивните Инстаграм профили со следниот опис: „Не може да биде поголемо од ова! Возбудени сме што ќе настапиме на оваа сцена“, напишаа тие.
Шакира е една од најпознатите Латино Американски пејачки во светот со три Греми награди зад неа и огромен број на ултра популарни синглови.
Подеднакво фантастичен е и изборот на Џенифер Лопез која во последно време е во центарот на вниманието со улогата на Рамона во „Hustlers“, а веќе знаеме за нејзиното блескаво музичко минато.
Најпопуларното шоу на полувремето на Супербол досега беше она кога во 2015 – тата настапи Кејти Пери, а истото го проследија 120 милиони гледачи.