Super Bowl е еден од најголемите спортски настани што американската јавност со нетрпение го очекува секоја година.
Но, тука не е само спортот во прашање туку и одличното шоу што го приредуваат најголемите музички ѕвезди на полувремето.
Низ годините поминале многу изведувачи, кои заедно со добрата забава, донеле и интересен стајлинг.
Да видиме како изгледало тоа.
1996 Дајана Рос
Легендарната пејачка Дајана Рос го отвори шоуто во 1996 година, со интересна креација од непознат автор – огромна, металик наметка, за потоа да се појави во фустан без прерамки, со портокалови и магента нијанси.
2001 Аеросмит и Бритни Спирс
Можеби стајлингот на Бритни Спирс не беше баш во нејзин стил, но секако ќе остане запаметен по чорапестиот додаток на нејзината рака, нешто што дотогаш никој го немаше направено.
2004 Џенет Џексон
Џенет ја памтиме по моментот со голата града, но сепак мора да признаеме дека пејачката изгледаше доминантно во ауфитот кој што носеше порака дека сцената е нејзино место.
2007 Принц
Принц секогаш беше препознатлив по неговата уникатна смисла за мода. Музичката икона во 2007 година се појави во комбинација што целосно му прилегаше на сензибилитетот – проѕирна портокалова кошула и елегантен тиркизен костум.
2012 Мадона и Ники Минаж
Кралицата на попот настапи заедно со Ники Минаж пред 11 години, а двете пејачки ја забавуваа публиката во смел Лолита стајлинг – навивачка иниформа со огромна доза на сексапил.
2013 Destiny's Child
Во 2013 се случи долгоочекуваното обединување на трите членки на групата Бијонсе, Кели и Мишел. На големо задоволство на јавноста трите девојки приредија одлично шоу во исто така одличен стајлинг. Бијонсе за оваа прилика носеше кожен костим со чипка, дело на Рубин Сингер.
2014 Кети Пери
Кети Пери се појави во три различни дизајни, огнен, краток фустан скроен од Џереми Скот, сребрена тоалета со ѕвезди и мини фустан инспириран од 50-те.
2016 Бијонсе
Кралицата Би настапи и во 2016, а зад сталјингот на Зана Бајн стоеше инспирација од хит филмот Black Panther.
2017 Лејди Гага
Лејди Гага се појави во аутфит на Версаче, чизми обложени со кристали коишто одговараа со светкавиот костим со долги ракави и дводелниот стајлинг, каде во преден план беше тонизираниот стомак.
2020 Џенифер Лопез и Шакира
Версаче исто така беше одговорен за облеката на Џеј Ло во 2020 година, додека за стајлингот на Шакира се погрижи Питер Дандас.
Годинава Super Bowl е закажан за 12 февруари, а главна ѕвезда на забавниот дел од шоуто ќе биде новопечената мајка Ријана.
Со што таа ќе не изненади останува да видиме.
Фото: L'Officiel