Модна еволуција на сценските костими на Супер Бол

26 јануари 2015

Најголемиот американски  спортско-музички настан,  Супер Бол закажан за први февруари е една од главните теми во шоу бизнисот периодов.

Една од најголемите сензации на настанот е и шоуто на полувремето кое најчесто е резервирано за најактуелните музички имиња. За оваа година на листата на изведувачи е најавена и Кејти Пери која ќе носи сценски костим од ексцентричниот дизајнер Џереми Скот, што веруваме дека ќе ги оправда големите очекувања од овој музичко-дизајнерски спој.

1996 - Дајана Рос 1996 - Дајана Рос

Покрај спектакуларната сцена, одличната кореографија и изведба, плеадата музички легенди, токму костимографијата е еден од оние моменти кои го прават овој настан историски.

2013 - Бијонсе 2013 - Бијонсе

Доколку направиме една рестроспектива на сценската костимографија на американскиот Супер Бол, првото доживување е дека секогаш се работи за исклучително екстравагантни креации кои за некои дизајнери биле и животна шанса да ги запознае глобалната јавност.

2014 - Бруно Марс 2014 - Бруно Марс

Во продолжение правиме фотографско навраќање на незаборавните сценски моменти.

 

Објавено:
26 јануари 2015
Категорија: 
Сцена