Џереми Скот ја дизајнираше најколоритната статуетка за MTV наградите

18 август 2015

Модниот креатор Џереми Скот, кој воедно е и креативен директор на брендот Москино, ја дизајнираше статуетката за претстојното издание на популарните MTV Video Music Awards, закажни за 30-ти август во Лос Анџелес, Калифорнија.

Интересно е што ова е најколоритниот „Moonman" во историјата на наградите, што воопшто не е изненадување со оглед на стилот на дизајнерот кој секогаш во своите колекции внесува многу боја, поп арт и неконвенционална естетика.

Инаку, домаќинка на овогодинешниве MTV награди е Мајли Сајрус, една од музите на Џереми Скот.

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
667 пати