Џил Бајден и Камала Харис со модни пораки на Комеморацијата за жртвите од Ковид-19

20 јануари 2021

Тишина и глетка вредна за паметење се случи вчера во срцето на Вашингтон. Во пресрет на Инаугурацијата, беше организирана комеморација за 400.000 Американски граѓани кои ги загубија своите животи изминатата година во борбата против КОВИД-19. Говор држеше Камала Харис, идната потпретседателка која беше дојдена во придружба на својот сопруг Даг Емхоф. А се обрати и идниот претседател на САД, Џо Бајден заедно со сопругата Џил Бајден. Националната алеја беше прекрасно осветлена од двете страни, а Вашингтон замре во минута молк откако Бајден го заврши своето обраќање. 

„За да зараснат раните, мора да се сеќаваме. Понекогаш сеќавањата се тешки, но само на тој начин закрепнуваме. Важно е да го сториме тоа како нација. Да  ја осветлиме темнината и да се сетиме на сите оние кои ги изгубивме.“

Џил Бајден и Камала Харис со својот моден избор оставија своја порака за надеж. Бајден носеше виолетов капут на врзување со потемно виолетова кадифена машна, креација од есенската колекција за 2021 на младиот и надежен американски дизајнер Џонатан Коен. Нијансата на виолетова која идната Прва дама ја беше одбрала за оваа прилика, според соопштенијата е боја на жените кои се бореле за правото на глас. Но, исто така и боја која се добива со мешање на двете национални бои - сината и црвената. 

Потпретседателката Камала Харис пак се одлучи својата порака да ја пренесе бирајќи Афроамерикански дизајнер. Па така, кремавиот капут, со карнер и фалти на грбот и црн фустан,  дело на Афроамериканскиот дизајнер Пјер Мос. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by D/CITY (@dcitystyle)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Hill (@thehill)

Фотографијата погоре пак е најсподелуваната, (задниот агол од првата фотографија), а толкувањата одат како надоврзување на пораката за надеж и поглед кон иднината со Бајден и неговиот тим.

Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.240 пати