Џими Чу најавува капсулна колекција од чевли и чанти

7 октомври 2014

За само неколку дена и официјално ќе биде промовирана новата капсулна колекција чевли и чанти за пролет 2015-та со потписот на Џими Чу. Последното дизајнерско остварување од омилениот бренд на многу жени ширум светот е соработка со британскиот уметник Мет Колишо,  кој за колекцијата сними фотосесија со манекенката Ондрија Хардин.

Официјално кампањата ќе биде промовирана од реномираните модни магазини Ел, Харперс Базар, Нумеро и Вог.  Креативната директорка на брендот создаде 21 парче аксесоари, односно деликатно украсени чевли и чанти во три нијанси: бронзена, сребрена и златна. Премиерно новата колекција ќе биде изложена овој месец октомври, додека глобално во останатите продавници се очекува да стигне кон почетокот на месец  декември.

 

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Актуел