Класични чевли, сандали или малку похрабри дизајни – сето тоа идните невести ќе го најдат во новата " target="_blank">колекција чевли и чантички на големиот Џими Чу.
Откако ќе ја одберете венчаницата од вашите соништа, она што следува се модните додатоци што секогаш треба да бидат минимални, но доволно впечатливи за да блеснете.
Иако можеби тие се бираат во последен момент, тоа не значи дека треба да им посветите најмалку внимание.
Во тие моменти, на помош доаѓа единствениот Џими Чу кој уште еднаш направи одлична колекција чевли и мини чанти со кои секоја невеста ќе се чувствува уникатно и посебно.
Пред точно две години, успешниот моден бренд ја прошири својата дејност дизајнирајќи свадбени додатоци за невестите. Оваа сезона, нивната линија се состои од квалитетни модели на чевли украсени со свила и сатен, но и целосно обложени со Сваровски кристали.
Дел од неговата понуда се и вртоглавите потпетици во нежна бела, сребрена и деликатна боја на злато.
Она што е особено специјално и уникатно овојпат, е тоа што модниот бренд ги изненадува сите невести со посебни натписи на ѓонот на чевлите.
За нивната колекција да биде уште поубава, тие нудат можност секој да си нарача изработка на иницијали или пак некој збор што сакаат да им ја одбележи венчавката.
За сите девојки кои сакаат да ја продолжат „аферата“ со Џими Чу, тој создаде и прекрасна колекција за вашиот меден месец, едноставно наречена Honeymoon!