Џони Деп е заштитно лице на новиот парфем на Диор

4 јуни 2015

Еден од најшармантните актери, Џони Деп е избран за заштитно лице на новиот машки парфем на луксузниот бренд Кристијан Диор.

Оваа соработка строго била чувана во тајност веќе подолго време, а со цел да не стигне пред време до обожавателките на актерот.

Денеска официјално беше соопштено за оваа соработка, која за Џони Деп е прва од ваков тип.

Машкиот мирис на кој работеше François Demachy ќе биде пуштен во продажба во септември.

Диор е препознатлив по соработките со познати актерски имиња за своите кампањи. За машките линии на парфеми со етикета на овој бренд претходно биле ангажирани и Џад Ло и Робер Патинсон.

Објавено:
4 јуни 2015
Категорија: 
Актуел