Анџелина Џоли е новата муза на Guerlain
•
24 јануари 2017
Познатата актерка и холивудска убавица Анџелина Џоли е новото заштитно лице на францускиот козметички бренд Guerlain.
Имено, Џоли е музата и инспирацијата за новиот луксузен парфем MonGuerlain зад кој се потпишува познатиот парфимер Тиери Васер.
„Создадовме парфем за жената на која и се воодушевуваме", велат од француската козметичка куќа.
Инаку овој проект се подготвува уште од декември 2015 година, а парфемот ќе биде пуштен во продажба во март годинава.