Маркантната холивудска актерка Џулија Робертс своето семејство го чува во нејзиниот најинтимен животен круг и ретко кога заедно се експонираат во јавноста.
Но, лансирањето на брендот Outerknown како заедничка соработка на професионалниот сурфер Кели Слејтер и модниот дизајнер Џон Мур, беше причината поради која Робертс заедно со нејзиното семејство се појавија на забавата на една од плажите на Малибу.
Заедно со нејзниот сопруг Даниел Модер со кој е 13 години во брак, и нивните три деца, Робертс направи ретка семејна фотографија која инстантно се појави на страниците на медиумите ширум светот.
Покрај нив, уште едно семејство кое се појави на забавата го привлече медиумското внимание. Синди Крафорд и Ранд Гербер и нивните две прекрасни деца, синот Присли и ќерката Каја, која веќе на светот му стана позната како новата ѕвезда што ќе ја замени улогата на нејзината мајка во глобални рамки.