Џулијан Мур позираше за модна изложба

19 јули 2013

Џулијан Мур Џулијан Мур

Култниот шведски бренд Рика, одлучи за новата изложба да ги ангажира Џулијан Мур и Хелена Кристенсен. Џулијан ќе биде пред објективот, а Хелена зад него.

Изложбата е во соработка со „Matchesfashion.com“, а е насловена како „Челичните девојки“.

Освен Џулијан, во улога на модели ќе се најдат и Дри Хемингвеј и Жосефин де ла Буме, а изложбата ќе се отвори денеска, во Лондон.

Брендот Рика се лансираше во 2006 година, од шведската стилистка Урлика Лундгрен, со цел да ја нагласи скандинавската естетика: јасна, остра и реална“. Популарноста бргу ја стекна, а жените ги засакаа џемперите со слоганот Челична девојка, како и кожени јакни.

Хелена Кристенсен Хелена Кристенсен

Џулијан Мур низ објективот на Хелена Кристенсен Џулијан Мур низ објективот на Хелена Кристенсен

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Актуел