Ѕирнете во кралскиот плакар

4 јули 2013

Во Кенсингтонската палата утре ќе се одржи изложба со наслов „Модни правила“, преку која посетителите ќе имаат можност одблиску да ги видат облеките на Кралицата Елизабета, Принцезата Маргарет и Дијана, Принцезата од Велс.

На изложбата ќе бидат прикажани одбрани парчиња облека, односно само оние што навистина го претставуваат стилот на кралските дами во различни животни периоди.

Така, претставувањето на „Модните правила“ ќе започне со најинтригантните фустани на Кралицата, а што се носеле во 1950 –те и 1960-тите. Во тој период, таа одлучи нејзини креатори да бидат Харди Ејмис и Норман Харнел, па секоја креација е создадена за посебна пригода.

За разлика од Елизабета, нејзината сестра, Маргарет била похрабра во изборот на облека, колку што дозволувало времето. Нејзини креатори пак, биде Марк Боан од Диор, кои се всушност подарок. Во нејзиниот плакар се и креации со етно детали.

Во делот посветен на Лејди Ди ќе се најдат два специјални фустани. Еден кремаст  од 1991 година креиран од Кетрин Вокер и црн сомотен, креација од Брус Олдфилд и уште многу други.

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Актуел