Експанзивни модни планови на Хајдер Акерман

15 април 2014

Францускиот дизајнер Хајдер Акерман открива дека има експанзивни планови за неговата етикета, која од наскоро пласманот на парчињата од ready to wear полека ќе ги повлекува, а тоа воедно ќе биде и премин кон производство на висока мода за прв пат.

-Размислувам и за отворање на нови продавници, а мојата следна страст е високата мода. Имам многу идеи, но во реализација одам претпазливо чекор по чекор, вели дизајнерот.

Акерман, покрај женски колекции создава и машка линија, а неговото име како креативен директор  во последните неколку години беше поврзано со Мартин Маргиела, па се до замената со Џон Галијано кога тој го напушти Диор.

-Моето име беше застапено во повеќе модни куќи, а тоа го доживувам како да сум имал многу љубовници. Не ми беше лесно, а посебно тажен момент беше и заминувањето на Галијано од Диор и баш би сакал да се врати зашто тој е човекот што ме поттикна да сонувам во модата, изјавува Акерман.

Инаку, Акерман создава павец кој е мешавина на конусни форми и чисти бои, речиси симболични, заробени во времето на неговите многубројни патувања. Креира концепт кој составува контрадикторни естетски сетила, кои резултираат со облека во асиметрични форми, користење на различни материјали и ткаенини, но секогаш дизајнирани во неверојатно модерна, софистицирана женска силуета која е на граница помеѓу андрогеноста и елеганцијата.

 

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Актуел