Експлозија на ѕвездена мода
•
22 јуни 2013
Топ моделот Ања Рубик застана пред објективот на Ричард Буш за јулското руското издание на Vogue . Со неверојатна трансформација на изгледот и елеганција, Ања носи парчиња од Валентино, Жан Пол Готје и Баленсиага, стилизирани од Сара Ричардсон. Идејата е да се долови единствениот експлозивен момент во рамките на ѕвездената мода преку комбинирање на различни стилови, во црни, бели, кафени и сиви нијанси, кои ќе предизвикаат моќни емоции и многу гламур.