Есма во впечатлива креација на Елена Лука на сцената во Малме

11 мај 2013

На евровизиската сцена во Малме, на втората полуфинална вечер на 16ти мај Есма ќе се појави во ексклузивна креација на модниот бренд Елена Лука.

Според објавените видео снимки од генералната проба на официјалната веб страна на Евровизија, Есма изгледа раскошно во впечатливата креација во неколку нијанси на силна црвена боја со рачно везени детали.

“Фустанот се шиеше интензивно два месеци и во неговата изработка учествуваше целиот тим на Елена Лука. Има свила, тантели, свилен сатен, органтин, тул. И турбанот е рачно везен. Со многу детали како камења и парчиња од тантела. Бидејќи е црвен во комбинација со килибар и жолто, преубаво изгледа”, вели Елена Лука која исто така ги дизајнираше и креациите на пратечките вокали.

Во продолжение погледнете неколку ексклузивни фотографии од завршните проби во салонот на Елена Лука.

 

 

Објавено:
11 мај 2013
Категорија: 
Актуел