Ева Лонгорија блескава на насловната на шпанскиот Ел

22 ноември 2013

Прекрасната актерка Ева Лонгорија изгледа неверојатно секси на насловната страница на шпанското издание на магазинот Ел.

38 – годишната актерка во интервјуто за декемврискиот број на магазинот призна дека дури и таа се плаши од тоа да биде фотографирана сосема гола.

Но, и покрај тоа што актерката не се чувствува удобно во своето тело, ние мора да признаеме дека таа изгледа едноставно совршено „облечена“ само во Сваровски кристали и ништо друго.

Во фотосесијата за магазинот, може да се види неверојатното тело на актерката, во комбинација со неверојатната фризура што и прилега одлично.

Објавено:
22 ноември 2013
Категорија: 
Актуел