Фармерки отпорни на дамки!

24 ноември 2016

Фармерки отпорни на дамки, веројатно звучи како реклама во која никогаш не би поверувале. Но, од брендот „Олд Нејви“ велат дека успеале да создадат фармерки што се отпорни на дамки, особено на оние течните, линија што ја наречуваат „Stay White“.

Фармерките се бели и како што вели Мелиса Морин од „Олд Нејви“, изработени се од класичниот, мек џинс што брендот вообичаено го употребува составен од 59% памук, 39% полиестер и 2% ликра.

-Фармерките се третирани со „боја“ отпорна на дамки, што прави капките од било која течност да не се впиваат, туку едноставно да се оттргнат од површината. Тоа ги прави магични, особено имајќи предвид дека во секојдневието се случува често да си истуриме кафе, сок или вино. Со тоа отстранувањето е многу полесно од она на што досега сме навикнале – течноста ја собирате само со марамче или хартија - објаснува Морин за сајтот „Рефинери 29“.

Цената на фармерките изнесува 45 долари.

-На проектот се работеше речиси година ддена. Кога дојде време да се испроба новата технологија за отпорност на дамки, белите фармерки беа очигледен избор. Секоја дамка, точка е веднаш и лесно видлива за разлика од фармерките со регуларна боја – вели Мелиса.

Она што го загрижувало тимот во текот на дизајнерскиот процес е да се осигураат дека новата ткаенина нема да влијае врз еластичноста на која купувачите биле навикнати дотогаш и која ја очекуваат од овој популарен модел на „Олд Нејви“.

-Сакавме да започнеме со омилениот крој на нашите купувачи, и да истражуваме додавајќи ја оваа техлогија и во „boyfriend“ моделите, за да дадеме повеќе „Stay White“ опции – раскажува Морин.

Првичните реакции биле позитивни. Одржувањето на овие фармерки е исто и со обичните. Да се перат од опачината во студена вода и да се сушат на ниска температура.

-Технологијата ќе биде издржлива и постојано и после 20 перења во домашни услови, иако поради отпорноста на дамки, времето на носење помеѓу две перења е зголемено – сметаат од брендот.

Отпорни се дури и на вода, а дамките од внатрешна страна не се забележливи на надворешната.

 

Погледнете:

Објавено:
24 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
314 пати