Fashionel.mk меѓу најдобрите сајтови за 2014

12 декември 2014

По речиси две години постоење, Fashionel.mk вчеравечер ја доби наградата за еден од најдобрите мобилни сајтови во земјава. Ова беше одличен начин да ја заокружиме успешната 2014-та година, а воедно претставува и голем мотив за наши понатамошни достигнувања. Им благодариме на сите читатели, соработници, како и на стручното жири и организацијата на „Сајт на годината“.

Во категоријата за најдобар сајт за 2014, наградата ја освоија  off.net.mk, а  најдобар сајт според гласовите на публиката е fakulteti.mk.

Марија Мечева - Главен уредник на Fashionel Марија Мечева - Главен уредник на Fashionel

Оваа година, иновативната награда за најдобра Фејсбук страница отиде во рацете на фан -страната на „Мајка ти и татко ти“, додека пак наградата за најзабавен сајт ја освои panika.be.

Дел од тимот на модниот портал Fashionel Дел од тимот на модниот портал Fashionel

Најдобрите сајтови се избраа со вкупниот збир на гласовите од жири комисијата и гласовите на публиката и тоа во сооднос – 60 % од жирито и 40% од публиката.

Трендо - off.net.mk Трендо - off.net.mk

Инаку, манифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, се одржува по петти пат оваа година, а со цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

Бранко Огњановски - panika.be Бранко Огњановски - panika.be

Оваа година, манифестацијата се одржа во фоајето на Македонската опера и балет, под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов, ИАБ Македонија, Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.

Биба Додева - Борка (најдобар сајт на невладина организација) Биба Додева - Борка (најдобар сајт на невладина организација)

Во продолжение, погледнете ја целосната листа на вчерашните победници. 

Најдобар сајт за 2014 година: Off.net.mk

Најпопуларен сајт според гласовите oд публика: Fakulteti.mk

Најдобар ИТ сајт: It.com.mk

Најдобар дизајн: Kajgana.mk

Најинформативен сајт: Time.mk

Најдобар забавен сајт: Panika.be

Најдобар спортски сајт: Derbi.mk

Најдобра Facebook фан страна: Мајка ти и татко ти

Најдобар блог: Okno.mk

Најдобар мобилен сајт: Grouper.mk

Најдобар корпоративен сајт: T-mobile.mk

Најдобар сајт за бизнис информации: Vrabotuvanje.com.mk

Најдобар сајт за е-трговија: Grouper.mk

Најдобар сајт за образование, наука и култура: Fakulteti.mk

Најдобар сајт на невладина организација: Borka.org.mk

Најдобар владин сајт: Агенција за вработување на Македонија

Најдобар финансиски сајт: kb.com.mk

Туризам и угостителство: Radika.com.mk

Најдобар сајт за автомобилизам: Porsche.com.mk

Мода и убавина: Femina.mk

Храна и здравје: doktori.mk

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Актуел