Fashionel.mk се приклучи кон иницијативата Ден на тишината

14 јануари 2015

По тој повод, се повикуваат сите медиумски куќи, новински агенции, блогери и граѓани кои се присутни на социјалните мрежи да се приклучат кон оваа иницијатива и во одредениот временски период да го објават натписот Ден на тишината, со цел да се докаже како би изгледал светот без придонесот на новинарите во сите сфери.

Во контекст на настанот, француската медиумска куќа Шарли Ебдо го издаде најновиот сатиричен неделник и тоа со насловна на која е претставена карикатура од пророкот Мухамед, кој во рацете го држи познатиот натпис „Je Suis Charlie“, а на врвот на насловната страна пишува „Tout est pardonné“ (се е простено). Новиот број ја истакнува слободата на говор и борбата против тероризмот и токму затоа е лансиран на 16 странски јазици во 3 милиони примероци, наместо досегашните 60. 000. Парите од продажбата ќе бидат донирани на жртвите и семејствата на настраданите од терористичкиот напад.

Модниот портал Fashionel.mk се приклучува кон иницијативата Ден на тишината и во период од 11: 30 до 14 часот нема да објавува информации, како почит кон загинатите од терористичкиот напад и со цел да покажеме како би изгледал светот без медиумите. Приклучете се и вие за да докажеме дека омразата и згаснувањето на човечки животи не е решение за да се згасне моќта на новинарското перо.

Објавено:
14 јануари 2015
Категорија: 
Актуел