Феноменот „Селфи“ во едиторијал
•
18 февруари 2014
Откако си доби свој термин, позата „селфи“ сега веќе има и моден едиторијал насловен „ Selfie Absorbed“. Во мартовското издание на американскиот магазин „W“, неколку страници од внатрешноста се резервирани за моден едиторијал во кој познатите манекенки Малаика Фирт, Кора Емануел и Рили Монтана позираат во „селфи“ позиции пред фото објективот на Ема Самертон.
Манекенките носат впечатливи комбинации споени од стилистката Џована Батагила, која направила колоритни стајлинзи од принт палта, колаж блузи и здолништа во миди должина и А крој со висок струк. По се изгледа наскоро не очекуваат уште вакви позерски термини што допрва ќе го инспирираат модниот свет.