Првата дама на САД, Меланија Трамп викендов на социјалните мрежи обелодени како е украсена Белата куќа.
Оваа година пораката е „Биди најдобар“, а во декорацијата доминираат светилки и украси во бела боја. Секако, не се исклучени и црвената и сината.
И самата Меланија годинава одлучи да биде во комплетно бел стајлинг, кој подразбира бел плетен фустан што ја следи линијата на телото и бела наметка.
View this post on Instagram
Покрај дел од внатрешноста на Белата куќа, првата дама на социјалните медиуми им се заблагодари и на бројните волонтери со чија помош е постигнат крајниот резултат.
Истите внимателно ги бира Меланија, а благодарение на кои замислата станува реалност.
Во наредниот период Белата куќа ќе биде отворена за посета и најсреќните ќе имаат можност во живо да го видат она што ние го гледаме на видеото и фотографиите, за што претходно е потребно најавување.
Како ви се допаѓа годинашното украсување: