Франка Соѕани-25 години на чело на италијански Vogue

3 јули 2013

Таа има најдолг стаж во својата кариера како моден уредник. Италијанката Франка Соѕани, овој месец слави 25 години кариера во италијански Vogue, интернационалниот магазин, каде функцијата како главен уредник успешно ја обавува од далечната 1988 година.

 

Импресивната бројка од четврт деценија успешно раководење ќе се прослави со шест спектакуларни насловни страни со дел од најзвучните имиња од светската модна сцена.

Почесно место на насловните во списанието заслужија Жизел Бундшен, Наталија Водијанова, Линда Евангелиста и Стела Тенант кои се веќе докажани и познати на модните писти и во светски рамки. Исто така, уредничката реши да им отстапи место и новите надежни модели како Аманда Марфи, Камерон Расел и Меган Колисон.

 

 

Славеничкото издание на италијански Vogue, немаше да биде целосно, доколку не им се отстапеше  место и на домашните познати дизајнери. Така, во центарот на вниманието беа ставени и последните колекции од модните куќи на Долче и Габана, Версаче и Прада.

 

 

Фантастичните фотографии ги изработи неприкосновениот Стивен Мејсел, кој веќе години наназад има одлична соработка со Франка Соѕани.

 

 

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Актуел