Во Музејот на американската историја, Смитсонијан, е поставен црвениот фустан што го носеше првата дама на Америка, Мишел Обама, за време на втората инаугуративна церемонија на нејзиниот сопруг, Претседателот Барак Обама. Впечатливо црвениот фустан, е дизајн на Џејсон Ву и веќе се наоѓа во музејот заедно со црвените чевли Џими Чу.
Мишел е првата дама која сега во музејот има два фустани, а и првиот е изработен од дизајнерот Џејсон Ву. Станува збор за голема изложба од која ќе бидат прикажани сите фустани што ги носеле првите дами од американската историја, за време на инаугурации, свечени вечери и јавни појавувања. Во музејот се наоѓа и цветниот фустан со пеперутки кој го носела Марта Вашингтон, сопругата на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон.