Војвотката од Сасекс, Меган Маркл викендов отпатува во Њујорк за да ја бодри нејзината најдобра пријателка Серена Вилијамс на US Open.
Очекувано, таа привлече огромно внимание на натпреварот, а како и секогаш прво на што нејзините обожаватели посветија внимание беше нејзината комбинација.
За разлика од скапите дизајнерски парчиња по кои е позната, војвотката овојпат се појави во тексас фустан од брендот J.Crew кој чини околу 130 долари.
Кралските обожаватели веднаш побрзаа да го набават истиот, но за кратко време тој беше тргнат од страната на брендот со објаснување дека повеќе го нема во залиха.
Оваа информација ја искористија сите оние дами кои веќе го имаа купено овој фустан и истиот го продаваа за двојно повеќе од цената на eBay.
Во еден момент фустанот достигна цена и од 280 долари, но тоа не ги спречи обожавателките на Меган да одвојат повеќе пари од буџетот за да изгледаат слично како војвотката.
Едноставниот, но ефектен фустан таа го стилизираше со нежна наметка во сива нијанса со странични џебови и чанта во иста нијанса, а косата и беше пуштена во шармантни бранови.
Патувањето во Њујорк беше изненадување за сите, со оглед на тоа што претходно не беше најавено дека војвотката ќе го напушти кралството. Според британските медиуми, таа патувала со еден телохранител, а картите чинеле повеќе од 6.000 фунти за еден.
За време на патувањето, Меган успеала да посети и јавен час по јога во Менхетен и да го изненади нејзиниот пријател, шминкерот Даниел Мартин за неговиот роденден.
Инфо и фото: Daily Mail