Фустанот на Валентино ги презасити насловните страници!

12 ноември 2014

Веруваме дека и вие барем еднаш оваа сезона го сретнавте бајковитиот фустан на Валентино од колекцијата есен-зима 2014./15 година во некое од модните списанија. Истиот е олицетворение на невиност, спонтаност, силни емоции и сентименталност, а инспирацијата за неговото создавање лежи во авангардните италијански уметници од 60 – тите и 70 – тите години од минатиот век, пишува Буро 24/7.

Токму овој син фустан од тул со романтично срце во пределот на градите се издвои како најголем хит од колекцијата, што иако чини повеќе од 10.000 евра, голем број холивудски дами го имаат во своите плакари. По површината на самиот фустан со метализирани нежни нитни се извезени мотиви на ѕвезди, месечина, различни животинчиња.

Онаа што речиси секогаш се издвојува од сите, е прекрасната актерка Кира Најтли која го носеше токму овој фустан за фотосесијата за септемвриското издание на магазинот Interview направена од фантастичниот Патрик Демарчелиер.

Бајковитиот свет исцртан на фустанот, никого не остави рамнодушен и веднаш по ревијата, оваа креација на Валентино предизвика бура од позитивни реакции, но и бројни нарачки од стилските девојки.

Во еден примерок од истиот, можевме да ги видиме и актерката Кирстен Данст, Оливија Палермо, Кејт Мос и Миранда Кер – секоја во своја, тотално поинаква и различна приказна во магазини како Ел, Вог, Interview и многу други.

Во продолжение, погледнете го неодоливиот Валентино фустан во едиторијали за различни магазини изминативе неколку месеци.

Па тој е едноставно остварување на сите наши соништа!

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Актуел