Вчера официјално започна Канскиот филмски фестивал кој што секоја година им оддава почит на најдобрите интернационални филмови.
Ѕвездите со сиот свој гламур се вратија на Француската ревиера во серија екстравагантни изданија што дефинираат како всушност треба да се изгледа на еден ваков престижен настан.
Фестивалот ќе трае сè до 27 мај, а низ црвениот тепих се очекува да продефилираат луксузни стајлинзи, без разлика дали ќе бидат custom-made, дел од модните ревии или нешто "ископано" од архивата.
Годинава ќе можат да се видат проекции од повеќе ражисери како Вес Андерсон, Тод Хејнс и Мартин Скорсезе, заедно со ѕвездите на нивните филмови како Марго Роби, Скарлет Јохансон, Џулиен Мур и Тилда Свинтон.
Што досега забележаа камерите погледнете во продолжение.
Алесандра Амбросио во Ели Сааб
Наоми Кембел во Селин
Ума Турман во Диор
Бри Ларсон во Шанел
Хелем Мирен во Дел Кор
Џони Деп во Диор
Ел Фенинг во Александар Меквин
И уште неколку впечатливи решенија...
Фото: Getty