Глобална статистика за текстилната индустрија: 75 милиони вработени

26 август 2013

Текстилната е една од најдоминатните и најзастапените индустрии на глобално ниво, па според тоа логично е да има суштинско влијание при диктирањето на насоките во глобалниот бизнис.

Според статистиката на истражувачката платформа International Industry Network, светскиот пазар во доменот на текстилната индустрија е проценет на 1,7 трилиони американски долари во 2012 година и во истата се вработени околу 75 милиони луѓе.

Вредноста на потрошувачката на мало само во САД изнесувала 284 билиони американски долари, а во 2012 година биле продадени 19 милијарди парчиња облека.

Во просек, секој Американец годишно троши околу 910 долари на 62 различни парчиња облека.

Со оглед на тоа дека Кина прераснува во најголема светска економска сила, интересен е фактот што оваа земја снабдува дури 34% од текстилниот пазар во САД.

Објавено:
26 август 2013
Категорија: 
Актуел