Голем кастинг на Моделс Ин оваа сабота во Public Room

14 март 2019

После четири години, модната агенција „Моделс Ин“ започнува со кастинг и курсеви за нови лица.

„Поради големиот интерес, решивме дека е време да им дадеме шанса на потенцијалните модели да можат да потпишат ексклузивни договори со нас“, вели Алек Наумовски, косопственик на модната агенција MODELS IN. 

Тој додава дека на кастингот можат да се пријават сите оние кои сметаат дека имаат предиспозиции. 

„Курсевите или обуката се одлична шанса за нивната основа во моделингот, бидејќи не вежбаме само движење и позирање, туку имаме и гости, претставници од различни области како фотографија, козметика, советници за исхрана, фитнес тренери и мејкап артисти“, додава Наумовски порачувајќи дека сите се добредојдени, но само најдобрите ќе потпишат договор. 

 

Модната агенција низ годините докажа дека со многу труд и работа може да пласира модели и во светските модни центри. 

„Само во моментов нѝ работат модели во Њујорк, Милано, Кина и Индија, на кои сме особено горди и токму затоа ова е шанса за сите оние кои се заинтересирани за интернационална кариера да се појават на овој кастинг. Инаку кастингот ќе се случи на 16-ти Март во Public Room со почеток во 13 часот. Ние сме убава нација и сигурни сме дека ќе ги откриеме идните топ модели во Македонија“, додава Алек.

Објавено:
14 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
794 пати