Викендов се случи завршната ревија или финалето на курсевите за модели во организација на модната агенција Моделс ИН.
По два месеци напорна работа, идните модели ги добија сертификатите и следствено на тоа, тие остануваат во агенцијата како нивни нови заштитни лица.
На завршната ревија идните модели мораа да покажат што научиле од нивните ментори Надица Георгиева и Алек Наумовски пред жирито кое ги оценуваше.
Во жири комисијата беа долгогодишните докажани модели од самата агенција меѓу кои и Ана Данчевска, Елена Гугоска и Павле Николовски, како и водителот Димитар Атанасовски.
Дел од девојките ќе влезат во големото финале за изборот „The look of the Year“ што ќе се случи за еден месец во Скопје.
Моделс ИН во соработка со Јелена Ивановиќ од Model Scouting Office веќе трета година по ред учествува со свои модели на овој престижен избор, каде девојките добиваат шанса да направат голема интернационална кариера и да потпишат договор се некоја позната модна агенција.