Групацијата LVMH го купува и Диор

26 април 2017

Групацијата LVMH објави дека многу наскоро планира да го купи целиот бренд Диор по цена од неверојатни 13 милијарди долари.

Првиот човек на групацијата, Бернард Арно соопшти дека неговата компанија планира да ги купи акциите од брендот и тоа по цена од 172 евра за акција, а наскоро планира да го преземе и модниот бренд Ермес.

Со овој потег, групацијата би го поседувала целокупниот бренд Диор, со оглед на тоа што веќе под своја закрила ги има Christian Dior Parfums.

Оваа одлука доаѓа откако во последните пет години приходите на Диор се зголемија двојно, а профитот на годишно ниво за 24 проценти.

Оттука, одлуката на групацијата е сосема оправдана, а јавната понуда би требало да се даде некаде до крајот на мај, по што следи период од три недели во кој понудата би требало да биде прифатена.

Сѐ уште нема информации за тоа што оваа одлука би значела за брендот и првата дама Марија Грација Кјури, но модните експерти веруваат дека нејзината работа не би требало да биде загрозена.

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
318 пати
Извор: 
The Business of Fashion