Луј Витон и eBay конечно со решение за судскиот спор

21 јули 2014

Луј Витон како и останатите модни куќи мака мачи со големиот број фалсификувани производи, а благодарение на модерната технологија, копиите брзо се шират низ безброј канали до купувачите. Покрај модните парчиња, на црниот пазар може да се најдат модни додатоци, козметика и парфеми. eBay е еден од најголемите сервиси за продажба, па аналогно на тоа стана и поволно тло за сите оние што сакаат да продадат фалсификати на купувачи кои не се ни свесни за разликата меѓу оригиналот и копијата.

Токму поради оваа причина во 2008 година групацијата LVMH го тужеше eBay за продажба на парфеми и козметика со потписи од Диор, Живанши и Герлeн. Францускиот суд донесе одлука eBay да плати отштета од 28, 5 милиони евра, а по поднесената жалба износот е намален на 5, 7 милиони евра. Сепак сервисот продолжи со поднесување на жалби, а спорот кој траеше шест години заврши со договор меѓу двете страни за заедничка борба против продажбата на фалсификувани производи.

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Актуел