LVMH купи дел од акциите на Џузепе Ѕаноти

9 април 2014

Преговорите помеѓу LVMH и матичната компанија Vicini на дизајнерот за чевли Џузепе Ѕаноти, започнаа уште во декември минатата година. Вчера, според информациите кои во јавноста ги пласираше Телеграф се стави крај на преговарачката политика, а резултатот е со позитивен исход. Мултинационалната француска групација LVMH, официјално ќе поседува 30 проценти од акциите на матичната компанија, зад која стои големото дизајнерско име Џузепе Ѕаноти.

„Ова е значаен и навистина голем проект, кој мене лично ми претставува огромна сатисфакција, ме прави особено горд и неверојатно оптимистичен за иднината. Оваа инвестиција ќе и овозможи на компанијата подобра структура и ќе ја зајакне пенетрацијата во меѓународните пазари“, вели Ѕаноти.

Оваа соработка е втора поголема инвестиција на францускиот конгломерат LVMH, кога станува збор за освојување на бренд кој изработува чевли. Имено, во септември 2013 година групацијата купи мнозински удел од акциите на Николас Кирквуд.

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Актуел