Гучи ќе ја облече Флоренс за новата турнеја
•
14 март 2016
Флоренс Велш, една од најзначајните модни икони во музичката индустрија, на актуелната турнеја на Florence + The Machine ќе биде облечена во сценски костими од луксузниот бренд Гучи.
Оваа одлука беше очекувана со оглед на тоа дека пејачката неодамна стана заштитно лице на модната куќа.
Според веќе објавените скици, се претпоставува дека стилот што ќе доминира на сценските настапи на Флоренс е со нагласена естетика од 70-тите години на минатиот век, имиџ што и самата го негува.
Музичката турнеја насловена "How Beautiful" започна на 11 март во Колумбија, а ќе трае до јули годинава.